12 May 2014

Како да нарачам од Интернет преку Amazon

Доколку подолго време ги меркаше сите интересни работи што се продаваат на Amazon, посакувајќи да ги нарачаш од Македонија, сега можеш да го направиш тоа од удобноста на твојот дом.

Ова 5 минутно видео упатство ја објаснува целата процедура, чекор-по-чекор, како да нарачаш и купиш што сакаш од Интернет преку Amazon:




Во упатството има и еден тон корисни совети како што се:

  • како да ја одбереш најдобрата цена
  • како да нарачуваш за побрзо да ти стигне пратката
  • како да го најдеш најдобриот продавач
  • како да се информираш дали вреди производот пред да го купиш
  • како да ја добиеш најевтината достава до Македонија
  • како да ја внесеш твојата адреса и телефон во интернационален формат
  • како правилно да ја внесеш твојата кредитна картичка

Се надевам дека ќе ти користи ова упатство. Доколку мислиш дека може да помогне некому, слободно сподели го.