18 June 2014

PayPal Macedonia

Многу добро ни е позната приказната за PayPal во Македонија, која се влечкаше уште од 2007 година. Со безброј најави и одложувања, направи веќе да отрпнеме на таквиот вид „новости“ и да заборавиме на него. Сепак, еден врнежлив вторник, кога најмалку очекуваме, новите дополнувања на полисите од 17 јуни 2014 ја внесоа и Македонија во листата на држави. Да, токму сега во овој момент, можеш официјално да се регистрираш на PayPal од Македонија! Не ми веруваш? Отиди на PayPal.com

Како што минуваа годините, фразата „PayPal во Македонија“ се поистовети со
Duke Nukem Forever играта. Најавувана, одложувана и прејавувана со години, стана виц и дефиниција за одложување на нешто што „никогаш“ нема да се заврши. Сепак, исто како што после 10 години некој се нафати и ја направи играта, така и PayPal се појави во Македонија.

За потсетување, еве дел од најавите кои се појавуваа низ годините:



Сиве овие луѓе се надеваа и се стремеа за ова што го имаме денес.

Незнам дали има некаква врска, но објавата за Македонија се појави точно една недела откако си замина првиот човек на PayPal - David Marcus. Не викам дека човекот нешто спречувал сево ова време, можеби напротив, тој највеќе се трудел за воведување нови држави во листата. Но, сепак е интересна коинциденција.

За почеток, кога ќе регистрираш нов акаунт од Македонија, ќе имаш можност само да плаќаш, а не и да примаш средства преку PayPal. Исто така, нема да можеш да праќаш средства „од човек на човек“ туку само „од човек на продавач“. Ова малку ги ограничува можностите што ни се достапни преку PayPal, бидејќи нема да можеш да продаваш ништо на Интернет. Но, се надевам дека во блиска иднина и ова ќе се овозможи.

Доволно беше од вести и читање. Во прилог е упатството на Македонски како да отвориш PayPal акаунт. Сега е време е да се регистрираме и да потрошиме некој денар преку PayPal. Среќно купување!





Како да отвориш PayPal акаунт од Македонија

3 и пол минутно видео упатство што ја објаснува целата процедура, чекор-по-чекор, како да отвориш PayPal акаунт од Македонија


Упатството содржи вредни совети како што се:
  • како да ја внесеш твојата адреса и телефон во интернационален формат
  • како правилно да ја внесеш твојата кредитна картичка
  • како да отвориш акаунт без да мора да внесуваш кредитна картичка
  • како да ја потврдиш мејл адресата
  • како да ја смениш примарната валута за да не плаќаш дополнително за конверзија




Како да додадеш кредитна картичка и успешно да верификуваш PayPal акаунт од Македонија

2 минутно видео упатство што ја објаснува целата процедура, чекор-по-чекор, како да додадеш кредитна картичка и успешно да верификуваш PayPal акаунт од Македонија


Упатството е продолжение на претходното и содржи совети како што се:
  • како правилно да ја внесеш твојата кредитна картичка
  • како да го најдеш сигурносниот код од PayPal за верификација
  • како да го добиеш сигурносниот код преку СМС порака
  • како да го верификуваш PayPal акаунтот и да ги отстраниш ограничувањата за плаќање



Се надевам дека ќе ти користи ова упатство. Слободно сподели го доколку мислиш дека ќе помогне некому.