27 October 2014

Македонска тастатура за Mac OS X 10.11 El Capitan

Доколку го стави OS X El Capitan, сигурно веќе примети дека тастатурата со Македонска подршка е измешана и копчињата не одговараат на вистинските (пр. прашалникот е заменет со долна цртичка, заградите се поместени за едно место, специјалните букви како ѝ и ѐ не се вклучени и сл.)

Ова видео упатство објаснува чекор по чекор како да ја поставиш новата Македонска тастатура на Mac OS X:




Ова е дополна за тастатурата која доаѓа вградена со El Capitan и претходните верзии на Mac OS X на кои недостасуваат одредени симболи или се поставени на погрешна позиција.

Оваа тастатура коректно ги пишува сите Македонски букви и симболи според ISO/European распоредот на копчиња на тастатурата, што значи дека наводниците, заградите и другите симболи се на вистинското место. Исто така, сега и буквите ѐ и ѝ можат да се испишуваат коректно.


  • Отворените наводници     се добиваат со притискање на   `   (веднаш пред бројот 1)
  • Затворените наводници   “   се добиваат со притискање на   Shift   и   `   (веднаш пред бројот 1)
  • Буквата   ѐ   се добива со притискање на   Alt/Option   и   ж
  • Буквата   ѝ   се добива со притискање на   Alt/Option   и   ќ



Вака изгледа оргиналната ISO тастатура на латиница:



Вака изгледа Македонската тастатура на кирилица (со „ што се наоѓа веднаш пред 1):



Ова е Македонската тастатура со притиснато SHIFT (со “ што се наоѓа веднаш пред 1):



Ова е Македонската тастатура со притиснато ALT/OPTION (со ѝ и ѐ до копчето Return):


Во менито System Preferences>Language & Text>Input Sources ќе се појави нова опција со име „Македонски”. Името е такво за да се разликува од јазикот што доаѓа вклучен со Mac OS X El Capitan

Татсатурата не менува никакви системски фајлови ниту зазема дополнителни ресурси за да функционира.

Авторот не презема никаква одговорност за било каква штета настаната од користење на тастатурата или од процедурата. Ја користиш целосно на свој сопствен ризик.


Тастатурата е подарок и можеш да ја симнеш бесплатно од овде:
https://www.dropbox.com/s/yawmsvyebwol6ct/Macedonian%20Keyboard%20Layout%20Mac%20OS%20X.zip?dl=1

или од овде (алтернативен линк):
http://www.mediafire.com/download/a6y1yq7a56d5exh/Macedonian_Keyboard_Layout_Mac_OS_X.zip

Се надевам дека ќе користи некому.


Напомена: Понова верзија е достапна на http://blog.getvladimir.com/p/macedonian-keyboard-layout-for-macos.html која вклучува и големи Ѝ и Ѐ букви. Благодарност до +Valentin Gjorgjioski за коментарот да се додадат буквите.