29 December 2014

3G vs. LTE SpeedTest брзина на VIP

LTE (4G) е технологија за мобилен интернет која сега почнува да станува достапна. Се разликува од 3G по брзината, сигналот и тоа што се базира директно на IP протоколот. 

Опипливите благодети што би требало да ги овозможува се гледање на YouTube видеа во HD без „сецкање“, играње онлајн мултиплеер игри преку мобилен со минимален lag (ping) или закаснување, побрзо чекирање и качување на слики и видеа.

За да ја измериме разликата на 3G и LTE брзината на VIP мобилниот оператор во пракса, ќе ја користиме SpeedTest мобилната апликација на iPhone во секојдневни реални услови. Еве го деталното видео:




(English and Macedonian subtitles are available on this video by pressing on "CC". )

Тестирањето и брзините на мобилниот интернет се постигнати во секојдневни реални услови. Многу поважно ми беше како ќе се покаже LTE мобилниот интернет во пракса отколку теоретски, во идеални услови.

Се надевам дека ќе помогне ова тестирање некому.

Доколку имаш било какви прашања, слободно контактирај ме на ask@getvladimir.com или во коментарите под овој пост.