Macedonian Keyboard Layout for macOS

Доколку користиш macOS, сигурно веќе примети дека тастатурата со Македонска подршка е измешана и копчињата не одговараат на вистинските (пр. прашалникот е заменет со долна цртичка, заградите се поместени за едно место, специјалните букви како ѝ и ѐ не се вклучени и сл.)

Ова видео упатство објаснува чекор по чекор како да ја поставиш новата Македонска тастатура на macOS:




Ова е дополна за тастатурата која доаѓа вградена со macOS на кои недостасуваат одредени симболи или се поставени на погрешна позиција.

Оваа тастатура коректно ги пишува сите Македонски букви и симболи според ISO/European распоредот на копчиња на тастатурата, што значи дека наводниците, заградите и другите симболи се на вистинското место. Исто така, сега и буквите ѐ и ѝ можат да се испишуваат коректно.


  • Отворените наводници     се добиваат со притискање на   `   (веднаш пред бројот 1)
  • Затворените наводници   “   се добиваат со притискање на   Shift   и   `   (веднаш пред бројот 1)
  • Буквата   ѐ   се добива со притискање на   ⌥Alt/Option   и   ж
  • Буквата   ѝ   се добива со притискање на   ⌥Alt/Option   и   ќ
  • Големата буква   Ѐ   се добива со притискање на ⇧Shift,  ⌥Alt/Option   и   ж
  • Големата буква   Ѝ   се добива со притискање на ⇧Shift,  ⌥Alt/Option   и   ќ



Вака изгледа оргиналната ISO тастатура на латиница:



Вака изгледа Македонската тастатура на кирилица (со „ што се наоѓа веднаш пред 1):



Ова е Македонската тастатура со притиснато SHIFT (со “ што се наоѓа веднаш пред 1):



Ова е Македонската тастатура со притиснато ALT/OPTION (со ѝ и ѐ до копчето Return):


Во менито System Preferences>Language & Text>Input Sources ќе се појави нова опција со име „Македонски”. Името е такво за да се разликува од јазикот што доаѓа вклучен со macOS

Татсатурата не менува никакви системски фајлови ниту зазема дополнителни ресурси за да функционира.

Авторот не презема никаква одговорност за било каква штета настаната од користење на тастатурата или од процедурата. Ја користиш целосно на свој сопствен ризик.


Тастатурата е подарок и можеш да ја симнеш бесплатно од овде:
https://www.dropbox.com/s/ql6cnpna7dpcqzx/Macedonian%20Keyboard%20Layout%20for%20macOS.zip?dl=1

или од овде (алтернативен линк):
http://www.mediafire.com/file/b2k4uumow1k31f3/Macedonian_Keyboard_Layout_for_macOS.zip

Се надевам дека ќе користи некому.